18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПеро Антиќ приведен во Њујорк, кошаркар на Индијана прободен (видео)

Перо Антиќ приведен во Њујорк, кошаркар на Индијана прободен (видео)

perica2

Македонскиот кошаркар, Перо Антиќ кој игра за Атланта Хоукс бил приведен во клубот„ 1 OAK“ во квартот Челзи во Њујорк по тепачка во која што биле прободени кошаркарот на Индијана Пејсерс, Крис Коупленд и неговата сопруга.

Во информацијата објавена на „Њујорк дејли њус“ пишува дека Антиќ заедно со неговиот соиграч Табо Сефолоша биле приведени бидејќи ја попречиле полицијата во својата работа, односно ја спречувале полицијата да направи увид на местото на инцидентот.

Кошаркарот Коупленд бил прободен во стомакот, неговата жена на раката и ногата, а во инцидентот прободена била и уште една 53 годишна жена за која се претпоставува дека била со напаѓачот.

Напаѓачот, 22 годишно момче било приведено, а ножот со кој ги прободел бил запленет.

Инцидентот се случил околу четири часот по полноќ по локално време, пред самото затворање на клубот.

Најверојатно кавгата настанала кога излегувале гостите, кога 22  годишниот напаѓач извадил нож и ги прободел Коупленд и неговата сопруга.

Коупленд допатувал во Њујорк бидејќи неговиот тим денеска игра против домашниот Никс, а Антиќ и Сефолоша, кои биле со него, допатувале во Њујорк, каде Атланта им гостува на Бруклин Нетс.

Тие одбиле да се поместат кога полицијата почнала да врши увид, па се обвинети за попречување на службените лица.

Видео:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП