3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Ѓавол“ е наследникот на Чави?

„Ѓавол“ е наследникот на Чави?

ander-herrera_2

Фудбалскиот клуб Барселона пронајде замена за Чави, соопштуваат шпанските медиуми.

Каталонскиот гигант полека се подготвува за живот по Чави (и Андрес Иниеста).

Во својата потрага за долготрајната замена за двајцата до скоро незаменливи фудбалери во средината на терентот, Браса „фрли око“ на еден „ѓавол“, јавува „Mundo Deportivo“.

Имено, каталонците најверојатно се заинтересирани да го доведат фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Андер Ерера.

Ова не е изненадување, затоа што Ерера игра во одлична форма во последно време, а за неговите два погодоци и одличната партија против Астон Вила доби пофални зборови од тренерот Ван Гал. На 19 средби Ерера постигна 5 голови и овој 25-годишен фудбалер полека ја покажува својата вредност, иако беше доста оспоруван.

„Mundo Deportivo“ додава дека Барса во моментов не го сака Ерера, туку за година или две, кога младиот фудбалер дополнително ќе созрее и ќе стекне драгоцено искуство со играње во Премиер лигата на највисоко ниво.

Со оглед дека „ѓаволите“ за неговите услуги издвоиле 29 милиони фунти, Барса ќе треба навистина да се потруди доколку го посакува во своите редови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП