13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФелпс се враќа во базените по суспензијата

Фелпс се враќа во базените по суспензијата

Olympics Day 8 - Swimming

Најтрофејниот олимпиец во историјата, Американецот Мајкл Фелпс (29) му се враќа на пливањето по шестмесечната суспензија поради возење во алкохолизирана состојба.

Сопственикот на 22 олимписки медали, од кои 18 златни одличја, претстојниот викенд треба да настапи на пливачки митинг во сојузната држава Аризона.

„Мојата суспензија конечно заврши. Време е за враќање во базен и за нови предизвици“, напиша Фелпс на Твитер.

Фелпс во септември заврши во пртивор во Балтимор поради возење во алкохолизирана состојба. Казнет е условно, а беше упатен на лекување од алкохол. Американскиот пливачки сојуз го суспендираше на шест месеци, а забранет му беше настапот на светското првенство.

Фелпс по олимписките игри во Лондон (2012) објави крај на кариерата, но по 20 месеци пауза се врати во базените и започна да се подготвува за ОИ во Рио де Женеиро (2016).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП