2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСити ќе купува домашни фудбалери!?

Сити ќе купува домашни фудбалери!?

wilshere-henderson

Англиските медиуми шпекулираат дека Манчестер Сити веќе ги има подготвено плановите за наредната сезона во кои се вклучени двајца играчи на Арсенал и Ливерпул.

Станува збор за Џек Вилшер и Џордан Хендерсон, а причината за тоа е многу јасна.

Покрај квалитетот кој ќе и го донесат на екипата од „Етихад“, споменатите играчи ќе го решат проблемот на Сити со домашните играчи. Имено, Џо Харт често пати оваа сезона беше единствениот домашен фудбалер во првата постава, факт за кој се инсистира дека мора да се промени.

Во врска со тоа, англиските медиуми јавуваат дека „граѓаните“ се насочиле кон талентираните домашни фудбалери, а како прв избор покрај овие двајца се појавија уште еден играч на Ливерпул, Рахим Стерлинг.

Екипата на Мануел Пелегрини на крајот на тековната сезона ќе остане без Френк Лампард, најверојатно и Џејмс Милнер, па бројот на домашни фудбалери мора да се надомести.

И додека за Вилшер ќе биде многу тешко да се преговара, Сити се надева на Хендерсон и Стерлинг чии договори се при крај. „Граѓаните“ секако имаат финансиска моќ споменатите фудбалери да им понудат зголемување на платите за кои се води полемика во Ливерпул, а нема сомневање дека Сити ќе добие значајни засилувања во овие фудбалери.

Сепак, треба да се земе во предвид дека Хендерсон е капитен на Луверпул, кој својата одговорност ја разбира повеќе од сериозно, па поради тоа овие шпекулации мораат да се прифатат со доза на резерва.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП