2 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАтланта со нов клупски рекорд, седум поени на Антиќ

Атланта со нов клупски рекорд, седум поени на Антиќ

a feniks

Водечката екипа од источната конференција Атланта го победи Феникс со 96-69, остварувајќи ја 58-мата победа во сезоната, што е нов клупски рекорд.

Перо Антиќ мина на паркетот нешто повеќе од 12 минути, постигнувајќи 7 поени, 5 скока и една асистенција. Најефикасни во победата на Атланта беа Керол, Мускала и Џеф Тиг со по 16 постигнати поени.

„Јастребите“ досега во два наврати (1986/87 и 1993/94) стигнале до 57 победи во регуларниот дел од сезоната, а сега имаат можност да стигнат и до 60 победи, со оглед дека на распоредот има уште пет натпревари.

Ова е трет рекорд на Атланта годинава. Во јануари нанижаа 17 последоватлени победи со што станаа прва екипа во НБА лигата која во еден месец имала скор од 17-0. Потоа додадоа уште две победи за нов клупски рекорд од 19 последователни победи.

„Мораме да бидеме горди на постигнатите резултати во оваа сезона, но сеуште ништо не направивме. Допрва почнува она вистинското“, изјави Мускала.

Важни победи во борбата за плеј-офо освтарија Мајами и Њу Орлеанс, додека во градското дерби Клиперси беа поуспешни од Лејкерси.

Резултати: Сакраменто – Минесота 116-111, ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 105-100, Њу Орлеанс – Голден Стејт 103-100. Оклахома – Сан Антонио 88-113, Мајами – Шарлот 105-100, Атланта – Феникс 96-69.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП