На вториот спрат на Ајфеловата кула се наоѓа ресторанот ,,Жил Верн”, каде што железната кралица Ви нуди париска вечера…


На вториот спрат на Ајфеловата кула се наоѓа ресторанот ,,Жил Верн”, каде што железната кралица Ви нуди париска вечера…

Бидете опуштени и уживајте во моментот.Погледнете ја чудесната панорама од лифтот! Просторијата со бродски изглед создава чувство дека сте стварно на брод, а не во ресторанот ,,Жил Верн”.

Светлата во ресторанот се посилни на пладне, а во текот на ноќта се намалуваат.Кујната е опкружена со стаклен ѕид.Засечените форми ве потсетуваат на грандиозната архитектура на Ајфеловата кула.Ќе бидете воодушевени од гастрономската кујна, како и ретро и современа музика во која можете да уживате додека го јадете својот оброк.Познатит кувар, Алан Дикас, е заслужен за неверојатно вкусните закуски.Тој беше задолжен за организација за вечерата на венчавката на принцот Алберт од Монако, предходното лето.

Кујната на куварот Алан е свежа и лесна.Храната е превкусна, но и презентацијата во тањирот е неверојатна.

Сигурно ќе бидете понудени со ,,Мадлен”, традиционалниот колач од североистокот на Франција, пред да го напуштите ресторанот.Деликатниот вкус на овој десерт е уште еден симбол на француската култура.
