3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул го „мерка“ голманот на Спортинг Лисабон

Ливерпул го „мерка“ голманот на Спортинг Лисабон

rui patrisio

Менаџерот на Ливерпул Брендан Роџерс ќе се обиде да ги засили редовите на тимот со уште еден квалитетен голман во летниот трансфер прозорец. Во плановите на тренрот е португалскиот репрезентативец Руи Патрисио.

Според весникот „Мирор“, Ливерпул ќе започне разговори со сегашниот клуб Спортинг Лисабон веднаш по завршувањето на сезоната. Засега не се соопштува сумата за која тој би бил пуштен на „Енфилд“.

Но Роџерс дефинитивно има потреба од уште еден класа голман. Актуелниот стартер Симон Мињоле имаше неколку доста колебливи натпревари во оваа сезона и беше виновен за изгубени поени. Неговиот заменик Бред Џонс, пак, имаше проблеми со повреди и не беше на располагање.

Токму тој се очекува да го напушти Ливерпул во текот на летото, уште повеќе што и договорот му истекува и по се изгледа дека нема да биде обновен. Така Мињоле и Руи Патрисио ќе се натпреваруваат кој ќе биде стартер на голманската позиција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП