18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМартина Хингис се враќа по 17 години

Мартина Хингис се враќа по 17 години

martina_hingis

Швајцарската тенисерка Мартина Хингис, по 17 години се враќа во FED купот за тимот на својата земја.

Таа ќе се натпреварува во дубл во мечот со Полска, кој на програмата е на 18 – 19 април во Зелена Гора.

Хингис е брилијантна во двојки во последно време, откако со Санија Мирза освои титула во Индијан Велс и во Мајами. Играњето во ФЕД купот ќе и даде шанса да игра на Олимписките игри следната година во двојка со Роже Федерер. За тоа се зборуваше пред Лондон 2012, но Хингис не беше подготвена.

Пред две години, Мартина Хингис беше примена во Куќата на славните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП