21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОФФМ му даде отказ на Бошко Ѓуровски

ФФМ му даде отказ на Бошко Ѓуровски

bosko selektor

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска одлучи да ја прекине соработката со досегашниот селектор на А репрезентацијата на Македонија, Бошко Ѓуровски.

Бошко Ѓуровски како предводник на најдобрата македонска репрезентација на единаесет натпревари оствари две победи (Летонија и Луксембург), шест порази (Шпанија, Словачка, Украина, Белорусија, Камерун, Кина) и три нерешени резултати (Катар, Кина и Австралија) .

Одлуката за прекин на соработката е донесена поради очекувањата на ФФМ и притисокот на фудбалската јавност за подобри резултати во тековните квалификации за Европското првенство и подобар рејтинг на репрезентација.

„Како фудбалски работници знаеме дека резултатите се единственото мерило за успех и токму поради тоа безрезервно и максимално дававме поддршка и создававме услови за непречена работа на најдобрата селекција. И покрај тоа што Бошко Ѓуровски го споделуваше своето искуство и работеше со тренерите и играчите сепак, притисокот кога се работи за А репрезентативниот тим е преголем, посебно кога се соочуваме со негативна серија на резултати. Во фудбалскиот свет тоа резултира со неминовни промени, промени кои се надеваме дека ќе не водат кон успех и подобар рејтинг на А репрезентацијата“, се вели во соопштението.

Од ФФМ изразуваат уверување дека македонските навивачи ќе бидат со репрезентацијата во натпреварите кои следуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП