7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал Мадрид ја следи ситуацијата со Рахим Стерлинг

Реал Мадрид ја следи ситуацијата со Рахим Стерлинг

sterling roni

Реал Мадрид ја следи ситуацијата околу крилото на Ливерпул, Рахим Стерлинг, изјави тренерот на вториот тим на „белите“ Зинедин Зидан. Најдобриот млад играч во Европа за 2014-та година продолжува да ги одбива понудите на „црвените“ за нов договор, а мадриѓани се меѓу главните кандидати за неговиот потпис во текот на летото.

„Знаеме кој е Рахим Стерлинг и природно ние го следиме како играч. Има многу малку играчи во светот, кои можат да го подобрат составот на Реал, па нормално е да го следиме развојот на најдобрите млади фудбалери во светот“, коментираше Французинот, цитиран од „Sky Sports“.

„Го следев повеќе од една година Герет Бејл, а истото беше со други ветувачки фудбалери како Иско и Рафаел Варан. Ги следиме најдобрите млади играчи во Европа и ако чувствуваме дека тие имаат што да дадат на Реал, се поврзуваме со нивните клубови и го правиме следниот чекор“, дополни поранешниот играч на „кралевите“.

Стерлинг, кој има договор со Ливерпул до летото 2017-та година, предизвика сериозно незадоволство меѓу навивачите на тимот, откако минатата недела го одби предлог за неделна плата од 100.000 фунти.

Потоа 20-годишниот англиски репрезентативец даде интервју за „BBC“, во кое вели дека требало да потпише сигурно, ако ја добиел понудата во минатото лето, но сега треба да разгледа за својата иднина по крајот на сезоната.

Менаџерот на Ливерпул, Брендон Роџерс продолжува да тврди дека Стерлинг нема да биде продаден во текот на летото.

„Тој има договор за уште две и пол години и нема да оди никаде. Рахим е мирен, јас исто така. Во моментов тој сака да се фокусира целосно на остатокот на сезоната“, рече менаџерот на „црвените“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП