4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФит јогурт – највкусниот моден додаток на Моден викенд скопје 2015

Фит јогурт – највкусниот моден додаток на Моден викенд скопје 2015

fit-jogurt-naslovna

Фит јогуртот на Бимилк беше официјален оброк на манекенките на овогодинешниот Моден Викенд Скопје, чие единаесетто издание се одржа од 1-5-ти април оваа година. Најпопуларниот функционален производ на пазарот Фит јогуртот на Бимилк наменет за оние кои сакаат да бидат во добра форма, здрави и витки беше главна ужина со која се освежуваа манекенките, модните дизајнери и критичари зад сцената на Модниот викенд Скопје.

Работењето во светот на модата подразбира посветување на големо внимание на квалитетот на храната која што се консумира, оттука Фит јогуртот богат со протеини и ниско ниво на масти и калории е идеален избор особено за оние кои се претставуваат на модни настани како Моден Викенд Скопје.

fit-jogurt-4

Фит јогуртот е производ со избалансирана хранлива вредност, без прекумерни маснотии и калории за конзумирање во текот на денот. Богатството со протеини и кремастиот вкус го прават Фит јогуртот исклучително здрава и вкусна ужина, особено за оние кои имаат активен животен стил.“ – изјави Полексена Ристеска, маркетинг менаџер во Бимилк

Фит јогуртот е достапен во три вкуса: Фит крем јогурт, Фит јогурт со мед, ореви и житарици и Фит јогурт со тиква и цимет.

fit-jogurt-6

fit-jogurt-5

fit-jogurt-3

fit-jogurt-2

fit-jogurt-1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП