2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИШест докази дека телефоните се се попаметни, а ние се поглупaви!

Шест докази дека телефоните се се попаметни, а ние се поглупaви!

telefon luge

Многу е лесно да се заборават сите работи кои телефонот секојдневно ги прави за нас и наместо нас.

Доколку ви е потребен доказ дека телефоните стануваат се попаметни, а луѓето се поглупави, само обидете се да се сетите на некој телефонски број. Не е тешко ако се обидете да го запамтите сопствениот број, но на многумина и тоа не им оди од рака.

1. Луѓето забораваат да комуницираат едни со други.

Секојдневно сме во контакт со луѓе кои буквално се изгубени во своите телефони. Независно од бројот на луѓе кои се на едно место, повеќето комуницираат исклучиво со своите телефони и преку нив. Дали луѓето заборавија да разговараат? Тоа е можно. Дали се премногу анксиозни за да разговараат лице во лице, како во добрите стари времиња? Можеби. Но, едно е сигурно – телефоните на многумина им станаа сигурно засолниште и извор на утеха.

2. Телефонските броеви.

Ова е најочиглениот пример. Претходно сите броеви на членовите на семејството и најдобрите пријатели ги знаевме на памет, а сега редовно, со цел да дојдеме до таа информација го користиме паметниот телефон.

3. Родендени.

Благодарение на „Facebook“ повеќе нема потреба да погодуваме, ниту да ги памтиме датумите на раѓање. Се што е потребно да ја отворите оваа друштвена мрежа и автоматски можеме да ги провериме родендените на сите наши пријатели. И не само тоа, „Facebook“ ќе ни испрати известување, во случај кога во денот некој има роденден, а не сме биле „online“, пишува „Zimo“.

4. Математика.

Сите се сеќаваме на професорите кој ни говореа дека нема секогаш покрај себе да имаме калкулатор. Денеска можеме да кажеме дека и тоа како имаат погрешено. Меѓутоа, фактот дека во секој момент на располагање имаме калкулатор, доведе до тоа дека сами многу тешко можеме да решиме било каква сложена математичка операција.

5. Навигација во просторот.

Ако некој не повика на настан или кафе во дел од градот кој не го познаваме добро, истиот момент ќе го земеме паметниот телефон со цел да добиеме упатство како да пристигнеме на одредената локација. Но, тоа не е се. Покрај мапите, денешните апликации исто така ни кажуваат со кој градски превоз и за кој временски рок можеме да пристигнеме на посакуваното место.

6. Проверка на пишувањето.

Oпцијата за завршување на реченицата скоро во целост ги превзема нашите пораки и електронски пошти. Повеќе скоро воопшто не се трудиме да провериме што имаме напишано и дали тоа е граматички точно, затоа што знаеме дека нашиот паметен телефон ќе го стори тоа за нас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП