3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВан Перси летоска си заминува од „Олд Трафорд“

Ван Перси летоска си заминува од „Олд Трафорд“

rvp1

Холандскиот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Робин Ван Перси сигурно ќе биде продаден во текот на летото, пишува „Мирор“.

Весникот се повикува на блиски извори до клубот, според кои менаџерот Луис Ван Гал остана разочаран од честите повреди на 31-годишниот голгетер и веќе има најдено негова замена.

Се очекува ова лето Ван Перси, кој има договор за уште една година со „црвените ѓаволи“ да биде продаден, а на негово место да пристигне Единсон Кавани од ПСЖ.

Уругваецот веќе не се чувствува добро во Париз, а и ги влоши односите со тренерот на „светците“ Лоран Блан, што го прави неговото останување уште понеизвесно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП