10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFedEx ја купува холандската TNT Express за 4,8 милијарди долари

FedEx ја купува холандската TNT Express за 4,8 милијарди долари

tnt fed

„FedEx Corp“ објави дека цели да ја купи холандската компанија за испорака на пакети „TNT Express“ за околу 4,4 милијарди евра (4,8 милијарди долари), за да ја зацврсти својата позиција на европскиот пазар.

Од „FedEx“ и „TNT“ изјавија дека договорот, кој ќе биде целосно во кеш, во голема мера е сигурен и бил одобрен од одборот на холандската компанија. Понудената цена од 8 евра по акција претставува премија од 33% над цената на акциите на „TNT“ од 2-ри април.

Компаниите велат дека обединувањето ќе ги трансформира европските можности на „FedEx“ и ќе го забрза нејзиниот светски раст. Тие исто така велат дека се убедени дека сите антимонополски грижи можат да бидат навремено решени на соодветен начин.

Договорот доаѓа две години откако очекуваното купување на „TNT“ од конкурентската „US United Parcel Service Inc.“ пропадна поради антимонополски прашања. Холандската компанија се обидува да се натпреварува со големите ривали, вклучувајќи и со „FedEx“.

Претседателот и извршен директор на „FedEx“, Фредерик Смит рече дека договорот ќе и овозможи на американската компанија „брзо да го прошири своето портфолио на меѓународни транспортни решенија, за да ги искористат трендовите – особено на постојаната растечката светска електронска трговија“.

Во соопштението се вели дека „PostNL NV“, која има удел од 14,7% во „TNT“, планира да ја поддржи понудата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП