19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСити се прости од одбраната на титулата

Сити се прости од одбраната на титулата

Barclays Premier League 2014/15 Crystal Palace v Manchester City Selhurst Park Stadium, Whitehorse Ln, London, United Kingdom - 6 Apr 2015

Во последниот натпревар од 31-то коло на англискиот фудбалски шампионат Кристал Палас на својот стадион го совлада актуелниот првак Манчестер сити со 2-1 (1-0).

Домашните на својот „Селхарст Парк“ имаа сигурно водство од 2-0, со головите на Глен Мареј во 34-та и Џејсон Панчион во 48-та минута, додека за гостите прецизен беше Јаја Туре во 78-та минута.

Со овој пораз Манчестер Сити практично ги загуби шансите да ја одбрани титулата, сега е четврти на табелата со 61 бод, девет помалку со меч повеќе од водечкиот Челзи, а пред „граѓаните“ се и Арсенал со 63 и Манчестер Јунајтед со 62 бода.

Кристал Палас, пак, се искачи за една позиција на табелата, и е 11-ти со 39 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП