2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса со конкретна понуда за Погба

Барса со конкретна понуда за Погба

barsa pogba

Шпанскиот гигант Барселона нуди 70 милиони евра за фудбалерот на Јувентус Пол Погба, кој е посакуван од многу екипи во Европа, соопштува каталонскиот весник „Спорт“.

Францускиот репрезентативец ќе биде еден од најпосакуваните фудбалери во текот на летото, а понудата на „каталонците“ ќе важи само до крајот на следниот трансфер прозорец.

Поради забраната на Барселона да врши трансфери во 2015-та година, сепак Погба би можел да се приклучи на „каталонците“ најрано на 1-ви јануари 2016-та година.

Погба е проценет на 50 милиони евра и е еден од најскапите фудбалери во италијанската Серија “А”. Неговиот договор со „бјанконерите“ е до летото 2019-та година, а интерес за него пројавуваат уште Реал Мадрид, Баерн, ПСЖ, гигантите од Манчестер – Јунајтед и Сити, како и лидерот во англиската Премиер лига, Челзи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП