4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВан Гал направи список - Дали 100 милиони ќе му бидат доволни...

Ван Гал направи список – Дали 100 милиони ќе му бидат доволни за титула?

vanco11

Холанѓанецот сака да освои трофеј во Премиер лигата, пред да замине во пензија, а за тоа ќе му бидат потребни дополнителни засилувања за кои веќе на големо се шпекулира.

Манчестер Јунајтед под раководство на Ван Гал го отфрли стариот модел на работење, вложувањата во скапи засилувања се присутни повеќе од било кога. За разлика од времето на Фергусон, Јунајтед сега троши значителна сума на пари, а по пеколното минатогодишно лето, очигледно нешто слично не очекува и оваа година.

Како што тврдат англиските медиуми, изборот во морето на имиња кои се поврзуваа со Јунајтед, се сведе на тројца фудбалери.

Па да започнеме по ред. Првата цел е пред се Матс Хумелс, неопходното засилување во последната линија на тимот. Германецот е во „војна“ со Дортмунд, пред се со навивачите, па неговото заминување е се поочигледно, а се споменува дека неговата цена е околу 25 милиони фунти.

Истиот износ ќе му биде потребен на Ван Гал со цел на „Олд Трафорд“ да го доведе Мемфис Депај, фантастичниот Холанѓанец кој го познава повеќе од добро, фудбалер кој е најдобар стрелец во татковината во оваа сезона.

Исто така, англиските медиуми истакнуваат дека Ван Гал сака да го „украде“ Рахим Стерлинг, младиот фудбалер на Ливерпул за чија иднина многу се шпекулира. Стерлинг пред извесно време изјави дека парите не му се приоритет, туку дека му е потребен спортски мотив, а се повеќе се оние кои веруваат дека 50 милини фунти не би требало да се жалат за младиот фудбалер.

Доколку го задржи местото кое води во Лигата на шампионите до крајот на сезоната, Ван Гал во ракавот ќе има значајна и важна карта која ќе може да ја извлече за време на преговорите за евентуалните засилувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП