4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАТП: Ѓоковиќ ја зголеми предноста пред Федерер

АТП: Ѓоковиќ ја зголеми предноста пред Федерер

nole fedex

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, кој во неделата ја одбрани титулата на Мастерс турнирот во Мајами, ја зголеми предноста во однос на Роџер Федерер на најновата АТП листа.

Ѓоковиќ има 13.205 бода, или 4.310 повеќе од Федерер, кој не играше на Флорида каде минатата сезона стигна до четвртфиналето. Во однос на претходната листа, српскиот тенисер има 310 бодови повеќе од Швајцарецот и на добар пат е и оваа година да ја заврши на првото место.

Ѓоковиќ во понеделникот ја започна 141-та недела на АТП листата, и на тој начин го израмни рекордот на Рафаел Надал. Федерер е неприкосновен во овој сегмент, тој број 1 бил 302 недели.

За разлика од претходното рангирање, Енди Мареј, кој играше во финалето во Мајами, се врати на третото место, додека Надал доживеа пад од две места и сега е на петтата позиција.

АТП, Топ 10:

1. Новак Ѓоковиќ (Србија) – 13.205 бода

2. Роџер Федерер (Швајцарија) – 8.895

3. Енди Мареј (Велика Британија) – 6.060

4. Кеи Нишикори (Јапонија) – 5.280

5. Рафаел Надал (Шпанија) – 5.255

6. Милош Раониќ (Канада) – 5.070

7. Давид Ферер (Шпанија) – 4.670

8. Томаш Бердих (Чешка) – 4.510

9. Станислав Вавринка (Швајцарија) – 4.405

10. Марин Чилиќ (Хрватска) – 3.360

Најдобро рангиран македонски тенисер на АТП листата е Томислав Јотовски на 541-то место, потоа следуваат Димитар Грабул (669), Стефан Мицов (1.313), Бесир Дургути (1.408), Шендрит Деари (1.715).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП