Голманките на ЖРК Вардар, Ина Суслина и Амадин Лејно, според ЕХФ, ги одбележале првите четвртфинални натпревари во Лигата на шампионките.
Суслина и Лејно го предводеа вардаровиот тим до убедливата победа (24:18) над актуелниот европски шампион Ѓер.
Суслина со своите 14 одбрани го заслужи местото меѓу трите ѕвезди на првите четвртфиналните дуели, заедно со Нора Морк од Ларвик и Рике Ерхардсен од Виборг.
Од друга страна Лејно ја има најдобрата одбрана на колото, таа против Ѓер одбрани три удари од седум метри.