10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУспешен настап на кик боксерите на „Бихаќ Опен“

Успешен настап на кик боксерите на „Бихаќ Опен“

Image (33)

Македонските кик боксери, викендов учествуваа на Европскиот куп ,,Бихаќ Опен “ кој  се оддржа во Бихаќ, Босна и Херцеговина .

Настапот на овој меѓународен турнир тие го завршија со 15 освоени медали (четири златни, пет сребрени, шест бронзени).

На „Бихаќ Опен“ учествуваа 473 натпреварувачи од 52 клуба и шест држави (Македонија, Хрватска, Словенија , Полска , Унгарија , Србија и Босна и Херцеговина).

Македонија ја претставуваа млади но искусни и перспективни кик боксери кои нанижаа медали  и докажаа дека ги следат стапките на своите постари колеги кои исто така беа дел од победничкиот тим.

Со златни медали  се закитија :

1.Викторија Варадинова – 60кг.  лајт контакт постар кадет КБК Гладијатор Штип

2.Божјидар Јанков – 57кг.   кик лајт постар кадет  КБК Гладијатор Штип

3.Бобан Илиоски  -71кг. лоу кик јуниор КБК Шампион Скопје

4.Александар Николовски-91кг. лоу кик јуниор КБК Шампион Скопје

Сребрени медали освоија :

1.Елена Стојчевска  -65кг. поинт фајт сениор КБК АС Делчево

2.Арџент Узеири  79кг  кик лајт сениор КБК Голден Тим Охрид

3.Михајло Костадиновски- 79кг лоу кик сениор КБК Шампион Скопје

4.Ризов Филип-52кг   кик лајт постар кадет КБК Будо Кавадарци

5.Филип Митревски +91кг кик лајт сениор КБК Гладијатор Скопје

Со бронзени медали се закитија :

1.Давид Димитровски -47кг. поинт фајт помлад кадет КБК АС Делчево

2.Артан Алиу -60кг  кик лајт постар кадет КБК Голден Тим Охрид

3.Роберт Костовски -63кг кик лајт јуниор КБК Гладијатор Неготино

4.Виктор Дуковски  -63кг кик лајт сениор КБК Фајт Тим Скопје

5.Ташев Мартин -63кг.кик лајт јуниор КБК Будо Кавадарци

6.Ѓoшe Ѓoшoв – 42кг лајт контакт постар кадет  КБК Гладијатор Штип.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП