15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИбрахимовиќ побарал американска иселеничка виза !?

Ибрахимовиќ побарал американска иселеничка виза !?

Image (32)

Фудбалерот на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ, наводно побарал американска иселеничка виза, пренесуваат шведските медиуми.

Според истите извори, Ибрахимовиќ на 19.март бил во амбасадата на САД во Париз, каде поднесол барање за имиграциона виза, односно побарал дозвола во оваа земја да престојува на неопределено време.

Шведските медиуми ова го поврзуваат со желбата на Ибрахимовиќ кариерата да ја заврши во професионалната фудбалска лига на САД. Напаѓачот на ПСЖ има договор со клубот кој истекува во 2016 година.

Шведскиот репрезентативец од 2012 година за ПСЖ има одиграно 87 натпревари во француското првенство на кои 73 пати бил стрелец. Во кариерата тој бил играч и на Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона и Милан.

Ибрахимовиќ кој се смета за еден од најдобрите фудбалери на денешницата за репрезентацијата на Шведска настапил на 103 натпревари и постигнал 54 гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП