18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХарден го поништи ‘трипл дабл’ учинокот на Вестбрук

Харден го поништи ‘трипл дабл’ учинокот на Вестбрук

Image (30)

Кошаркарите на Хјустон славеа над Оклахома со 115:112, а мечот го одбележаа најдобрите играчи на двата тима Џејмс Харден и Расел Вестбрук, кои уште еднаш ја истакнаа кандидатурата за МВП наградата.

Хјустон ја забележа седмата победа на последните осум натпревари, додека Оклахома го запиша 35-от сезонски пораз. Хјустон има скор 53-24 и се наоѓа на второто место на Западот, додека Оклхома е осма со скор 42-35 и во борбата за пласман во плејофот има само една победа повеќе од Њу Орлеанс.

Хјустон кој гостуваше во Оклахома во поголемиот дел од натпреварот го контролираше резултатот, но домашниот тим предводен од Вестбрук успеа да внесе неизвесност во финишот, но не и да победи.

Џејмс Харден постигна 41 поен, на кои придодаде по шест скока и асистенции со што го поништи ‘трипл дабл’ улинокот на Вестбрук (40 поени, 11 скокови, 13 асистенции).

Покрај Харден кој поради шест лични грешки мечот го заврши 33 секунди порано, кај Хјустон се истакнаа и Двајт Хауард со 22 поени и 8 скока, односно Џош Смит со 14 поени.

Во редовите на Оклахома одличен меч одигра турскиот репрезентативен центар Енес Кантер, тој имаше учинок од 21 поен и 17 скока, додека Ентони Мороу постигна 22 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП