5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСрбинот Стојиљковиќ победи на 47-от ИКАС, Николовски заврши втор

Србинот Стојиљковиќ победи на 47-от ИКАС, Николовски заврши втор

kajak

Србинот Душан Стојиљковиќ е победник на 47-то издание на Илинденскиот кајак слалом – ИКАС.

На патеката на Матка, по тешки временски услови поради силниот дожд, Стојиљковиќ во двете финални возења имаше време од 106,60 секунди. Македонскиот репрезентативец Атанас Николовски го освои второто место, тој зад победникот задоцни за 2,65 секунди. Третото место му припадна на уште еден Македонец, Борче Мицевски.

Во женска конкуренција, во К1, победи Украинката Викторија Ус, додека во Ц1, во машка конкуренција, победата му припадна на Србинот Богдан Букара.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП