ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонскиот шампион домаќин на европскиот првак во женската Лига на шампиони

Македонскиот шампион домаќин на европскиот првак во женската Лига на шампиони

vardarki

Македонскиот шампион Вардар вечер од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“ е домаќин на Ѓер во првиот дуел од четвртфиналето од Лигата на шампоните.

Гостинките од Унгарија последните две години ја освојуваат шампионската титула и влегуваат како фаворитки во оваа пресметка со нашиот првак.

Сепак, Ѓер е различен тим во однос на ланскиот, кој на Ф4 турнирот во Будимпешта лесно го освои пехарот. Ги нема десниот бек Катарина Булатовиќ, а повредени се Едуарда Аморим, Адриен Орбан и голманката Јелена Грубишиќ која дојде во меѓувреме. Ги нема и легендарната Анита Гербиц, како и најдобрата голманка лани во ЛШ, Катрин Лунде.

Вардарки не се предаваат предвреме, напротив апелираа до навивачите да ја наполнат салата и со големата поддршка која ја очекуваат од трибините веруваат во победа и предност пред реваншот во Будимпешта.

Сите оние кои што се уште не купиле билет за натпреварот со Ѓер, а сакаат во живо да го гледаат македонскиот и европскиот шампион, влезница ќе можат да купат денеска на билетарницата во „Јане Сандански“ која ќе работи од 12 часот па се до почетокот на средбата.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП