17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПСЖ подготви 20 милиони евра за Јармоленко

ПСЖ подготви 20 милиони евра за Јармоленко

jarmolenko

Во последните неколку дена француските медиуми упорно тврдат дека новата трансфер цел на ПСЖ е Андриј Јармоленко.

Крилото на Динамо (Киев) има одлична сезона и го привлече интересот на „светците“, кои се подготвени да платат за него 20 милиони евра.

Генералниот директор на Динамо, Реваз Чохонелидзе сепак, рече дека оваа сума нема да биде доволна за да се дојде до договор.

„Како и секогаш, овие шпекулации се појавуваат пред најважните натпревари. Станува збор за психолошки напади. Не сме добиле никакви понуди. Ако нешто ќе се случува, тоа ќе е по крајот на сезоната. Сега сите размислуваме како да ја постигнеме целта – финале во Лига Европа“, коментира Чохонелидзе.

„Покрај тоа, Јармоленко чини повеќе од 20 милиони евра. Кога и дали ќе има трансфер, ќе одлучи нашиот претседател“, додаде шефот на украинскиот гигант.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП