
Лидерот на светската АТП листа, Новак Ѓоковиќ самоуверено оди кон петата титула од тенискиот турнир во Мајами.


Лидерот на светската АТП листа, Новак Ѓоковиќ самоуверено оди кон петата титула од тенискиот турнир во Мајами.
Србинот беше подобар од претставникот на домаќините Џон Иснер со 7:6 (3), 6:2 и во финалето ќе се соочи со Енди Мареј, кој претходно синоќа го елиминираше Томаш Бердих.
Ѓоковиќ води со 17:8 во пресметките со Мареј во натпреварите помеѓу нив. Двајцата се сретнаа во финалето на овогодинешниот „Australian Open“, а Ѓоковиќ беше подобар по одиграните 4 сета.
Ова ќе е финале број 74 во кариерата на Ноле и 32-ро во турнирите од сериите „Мастерс“.