10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota RAV4 - редизајн и хибридна верзија (фото+видео)

Toyota RAV4 – редизајн и хибридна верзија (фото+видео)

t rav4-1

Најголемиот производител на хибридни автомобили во светот – јапонската компанија „Toyota“, конечно предложи таков агрегат и за популарниот кросовер „RAV4“. Моделот дебитираше на саемот во Њујорк заедно со модернизираната верзија на „RAV4“.

t rav4-2

Хибридниот „RAV4“ е управуван од агрегат кој комбинира бензински 2,5-литарски мотор и електричен мотор. Првиот одговара за предната оска, а вториот – за задната, а на тој начин системот нуди погон на сите тркала.

t rav4-3

Од „Toyota“ не ги откриваат точните карактеристики на моделот, само споделија дека тој е помоќен и поекономичен од стандардните верзии на „RAV4“. Се претпоставува дека, сепак, хибридниот систем е идентичен со оној кај „Lexus NX 300h“. Кај автомобилот на луксузниот бренд моќта достигнува 197 КС, а потрошувачката на гориво е околу пет литри на 100 километри.

t rav4-4

Кај „RAV4 Hybrid“ батериите се наоѓаат под подот на автомобилот, благодарение на што не влијаат негативно на просторот во кабината и обемот на багажникот.

Што се однесува до дизајнот, „RAV4 Hybrid“ се разликува од другите модификации на кросоверот според ситни стилските промени како однадвор, така и внатре во кабината.

t rav4-5

Генерално сите верзии на „Toyota RAV4“ поминале низ модернизација, која го опфаќа предниот браник и решетката на ладилникот, светлата, задниот дел, предложените тркала и друго.

t rav4-6

Внатрешноста е опремена со квалитетни материјали, нов тапацир и нови декоративни елементи. Интересно решение се држачите за чаши на предниот ред, кои веќе можат да се користат и за чаши со рачка.

Обновениот „Toyota RAV4“, вклучувајќи ја и хибридната верзија, треба да биде достапна на пазарот пред есента оваа година. Детални информации ќе биде познати во следните месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП