10 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал и Барса го намалија долгот до 767 милиони eвра

Реал и Барса го намалија долгот до 767 милиони eвра

rb

Долгот на сите клубови од Првата и Втората лига во Шпанија е 2,7 милијарди евра. Вкупно 767 милиони се на Реал и Барселона, или 27,8%. Ова укажува изводот на лигата за сезоната 2013/2014.

Година порано клубовите беа должни 2,9 милијарди евра, а двата гиганти – 769 милиони евра, одразено во трендот кон балансирање на финансиската состојба, колку што е можно при слични бројки. Бидејќи две сезони порано вкупниот долг на тимовите бил 3,3 милијарди евра од кои 884 милиони за „кралевите“ и „каталонците“.

Приходите на клубовите забележаа зголемување за 5,4% во минатата сезона или до 2,3 милијарди евра.

Во исто време Данило од Порто стана најскапиот трансфер на дефанзивец во историјата на Реал Мадрид. Десниот бек ќе биде нов член на „кралевите“ од 1-ви јули за сума од 31,5 милиони евра. Досега број 1 кај дефанзивците кои пристигнале на „Бернабеу“ беа Пепе (кој исто така пристигна од Порто) и Фабио Коентрао (од Бенфика) – за по 30 милиони евра.

Каталонските медиуми пренесоа дека Порто имал повисока понуда од Барселона за Бразилецот – 37 милиони евра. „Сино-црвените“ биле согласни Данило да остане во овој клуб до крајот на годината, бидејќи на „Камп Ноу“ се казнети и немаат право за трансфер на нови играчи. Дефанзивецот сепак цврсто преферирал да игра во Реал.

„Постои можност некогаш Жозе Мурињо да се врати во Реал. Сега тој е среќен во Челзи, па нема како да се случи наскоро. Мислам дека тоа е и причината поради која Данило одлучи да дојде во нашите редови“ – рече дефанзивецот Алваро Арбелоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП