9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМастерс Мајами: Серена и Суарез-Наваро во финалето

Мастерс Мајами: Серена и Суарез-Наваро во финалето

Image (25)

Серена Вилијамс и Карла Суарез-Наваро ќе се борат за титулата на женскиот дел од Мастерс турнирот во Мајами. Серена по голема борба во полуфиналето ја совлада Симона Халеп, додека Суарез-Наваро ја победи Андреа Петковиќ.

Најдобрата на светот, Серена Вилијамс, во трилер меч кој траеше нешто повеќе од два часа, славеше над Романката Халеп со 2:1 (6:3, 2:6, 7:5). Таа против Шпанката Суарез-Наваро ќе се бори за својата осма титула во Мајами.

Серена ја забележа 20-та последовна победа, последен пат таа загуби во октомври минатата година токму од Халеп која и понатаму остана на само една победа против Американката, а има веќе шест порази. Исто така Серена нема пораз во Мајами од 2012 година, тогаш загуби во четвртфиналето од Каролин Вознијацки.

Американката во финалето за противничка ќе ја има Суарез-Наваро која во Мајами го оствари најголемиот успех во кариерата. Шпанката за 90 минути славеше над Андреа Петковиќ со 6:3, 6:3.

Суарез-Наваро е првата тенисерка од Шпанија уште од 2001 година која успеала да се пласира во финалето на некој од турнирите од Мастерс серијата. Финалето во Мајами од понеделник ќе го донесе првиот пласман меѓу најдобрите десет на ВТА листата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП