8 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОМајами Мастерс: Ѓоковиќ закажа полуфинале со Изнер

Мајами Мастерс: Ѓоковиќ закажа полуфинале со Изнер

m nole

Новак Ѓоковиќ и Џон Изнер ја формираа втората полуфинална двојка на машкиот дел од Мастерс турнирот во Мајами. Ѓоковиќ славеше над Давид Ферер, а Изнер го совлада Кеи Нишикори.

Дуелот помеѓу Ѓоковиќ и Ферер беше најквалитетниот во досегашниот дел од турнирот, а победата му припадна на српскиот тенисер со 7:5, 7:5. Мечот во кој Ѓоковиќ ја забележа 14-та победа во 19-от дуел со Ферер траеше два часа и 52 минути.

Противник на Ѓоковиќ во полуфиналето ќе му биде Џон Изнер кој за 71 минута славеше над Кеи Нишикори со 6:4, 6:3.

Изнер е првиот Американец по пауза од четири години кој успеал да се пласира во полуфиналето на Мастерсот во Мајами. Пред четири години полуфинале на Флорида играше Марди Фиш.

Ѓоковиќ и Изнер играа пред десет дена во четвртфиналето на Мастерсот во Индијан Велс, победата во два сета му припадна на првиот светски рекет.

Мастерсот во Мајами на кој Ѓоковиќ ја брани титулата се игра за награден фонд од 6, 26 милиони долари.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП