2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Мајами остана без Вејд, Барнс го шокира Феникс

НБА: Мајами остана без Вејд, Барнс го шокира Феникс

C

Екипите на Кливленд, Хјустон и Голден Стејт забележаа победи во натпреварите кои во НБА лигата се одиграа во ноќта помеѓу четвртокот и петокот. Кливленд го декласира Мајами (114:88), Хјустон славеше над Далас (108:101), а Голден Стејт со поените на Херисон Барнс триумфираше над Феникс (107:106).

Кливленд го декласира вицепрвакот Мајами кој до крајот на регуларниот дел од сезоната ќе се бори за осмата позиција на Истокот со екипата на Бостон, двете екипи имаат скор 34-41.

Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг постигнаа по 23 поени за Кливленд, додека кај Мајами најефикасни со по 17 кошеви беа Луол Денг и Хасан Вајтсајд. Мајами на овој натпревар остана без Двејн Вејд кој во втората четвртина го повреди коленото.

Хјустон во неизвесен натпревар славеше над Далас. Џејмс Харден кој во претходниот меч постигна 51 поен, против Далас реализираше 24 поени, додека ветеранот Дирк Новицки го предводеше Далас со 21 поен.

Херисон Барнс поентираше во последната секунда на мечот со Феникс и му овозможи на Голден Стејт да ја забележи 11-та победа во низа, вкупно 62-ра во сезоната. Стеф Кари со 28 поени, 8 скока, 5 асистенции, но и 6 загубени топки го предводеше лидерот во првенството, додека кај Феникс шестмина постигнаа двоцифрен број на поени, најмногу по 17 реализираа Маркиф Морис и Ти Џеј Ворен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП