18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВојдан Стојановски ќе паузира три недели

Војдан Стојановски ќе паузира три недели

vojdan-stojanovski3

Војдан Стојановски поради повреда ќе биде надовор од кошаркарските терени во наредните три недели. Репрезенативецот на Македонија го повредил бутниот мускул на натпреварот на Морабанк Андора и Фунлабрада.

Деталните прегледи покажале дека Стојановски ќе мора да мирува во наредните три недели што преставува дополнителен проблем за тренерот на Андора, Жоан Пењароа.

Војдан Стојановски пред два месеци од АЛБА Берлин се пресели во Морабанк Андора и веднаш се наметна како еден од носителите на играта. Стојановски во просек постигнува по речиси 15 поени за овој шпански прволигаш.

Инаку натпреварот на кој се повреди Војдан заврши со победа на неговиот тим од 91:85.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП