Тренерите и навивачите ја избраа најдобрата петорка во регионалната кошаркарска АБА лига за сезоната 2014/2015. Во идеалната петорка има место за двајца кошаркари на Партизан и по еден на Црвена ѕвезда, Крка и Будуќност.
Како што објави АБА лигата на својата официјална страна, најмногу гласови добил центарот на Црвена ѕвезда, Бобан Марјановиќ. Играчот кој е висок 222 сантиметри добил 83 отсто од гласовите на тренерите и 54 отсто од гласовите на навивачите.
Покрај Марјановиќ во идеалната петорка се најдоа уште Малком Армстед (Крка), Александар Павловиќ (Партизан), неговиот соиграч Милан Мачван и Суад Шеховиќ (Будуќност).
Плејофот и борбата за местата кои водат во Евролигата во АБА лигата ќе стартува на 14-ти април, во полуфиналните мечеви ќе играат Црвена ѕвезда-Партизан и Будуќност-Цедевита. Финале ќе изборат екипите кои први ќе забележат три победи.