26 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТупурковски го прими трофејот „Пјер Де Кубертен“

Тупурковски го прими трофејот „Пјер Де Кубертен“

tupur nagrada

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК) Васил Тупурковски, денеска го прими трофејот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) „Пјер Де Кубертен“.

Овој трофеј им се доделува само на истакнати лица од олимпиското движење, односно на лица кои дале голем придонес за развојот на олимпизмот и спортот на глобално ниво. Трофејот на Тупурковски му го врачи Патрик Хики, претседател на Европскиот олимписки комитет.

Хики кој изминативе денови се наоѓа во работна посета на МОК присуствуваше и на состанокот на УО на МОК, како и на отварањето на манифестацијата “Меѓународен ден на спортот“, а исто така ги посети и Олимписките боречки школи, проект на МОК, ИОК, Федерацијата на боречки спортови на Македонија и Обединетото светско борење (поранешна ФИЛА).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП