8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРед Бул и Рено повторно во „љубов“

Ред Бул и Рено повторно во „љубов“

red-bull-rb9-2013 (1)

Ред Бул и Рено ќе ја прекинат „шпанската серија“ и веќе нема да „водат војна“ преку медиумите туку напротив, сите недоразбирања ќе ги решаваат во непосреден дијалог.

Трката во Австралија беше почеток и капка што ја прели чашата во нивните односи кои се влошија откако екипата веќе не беше победничка, како до 2013-та година.

Најпрвин, Ред Бул преку Хорнер и Марко беше крајно незадоволен од перформансите во Мелбурн, следуваше одговор на Рено, иако не толку директен, дека компанијата размислува да се врати во Формула 1 како конструктор, следуваше „ритерн“ од Хорнер дека Мерцедес е „сто коња“ пред нив, за на крајот Рено да обвини дека екипата лаже. Топката беше малку смирена во петокот на прес-конференцијата за техничкиот персонал на тимовите.

red bul motor

Дефинитивен крај на „војната“ во текот на вчерашниот ден стави Др. Хелмут Марко, советникот на Ред Бул.

„Ние не мора да се сакаме, но мора да имаме мотор кој работи. Се сретнавме и дефинитивно одлучивме на кој начин ќе ја одработиме оваа сезона. Се одлучивме дека ќе ја одложиме дебатата и дека целосно ќе се фокусираме на соработката и излезот од ситуацијата во која се наоѓаме“.

Уште да додадеме дека Рено има најмногу неискористени токени во споредба со своите конкуренти, не сметајќи ја Хонда, за која ова е прва Формула 1 сезона. Францускиот производител мора најпаметно што знае и умее да ги искористи 12-те преостанати токени со цел да го намали својот заостаток зад Мерцедес и Ферари.

Извор: круг.мк

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП