15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИнтер го зголемува својот интерес кон Јоветиќ

Интер го зголемува својот интерес кон Јоветиќ

joveti 3

Манчестер Сити ќе одвои неколку дена да размисли за понудата на Интер за својот напаѓач Стеван Јоветиќ. Италијанците нудат да го земат Црногорец како позајмен играч за следната сезона со опција за откупување.

Тренерот на „нероазурите“ Роберто Манчини е основата на трансферот, откако веќе им вети на навивачите нов врвен играч во текот на летото.

Во исто време Јоветиќ се наоѓа во деликатна ситуација кај „граѓаните“, кои го извадија од составот во елиминацијата во Лигата на шампионите на сметка на новото засилување Вилфред Бони.

Токму овој потег на Англичаните го натерал Манчини да го стартува дијалогот за Црногорецот, а разговорите течат веќе неколку месеци.

Засега Сити преферира инстант разделба со непотребниот фудбалер, додека Интер преферира да има пробен период пред конечно да го откупат Јоветиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП