4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКинески капитал влезе во Атлетико Мадрид

Кинески капитал влезе во Атлетико Мадрид

kinez atletiko

Кинескиот конгломерат Далијан Ванда официјално стана сопственик на 20 отсто од акциите на шпанскиот шампион Атлетико Мадрид. Зделката која била договорена уште во јануари била официјализирана во средата кога мадридскиот клуб објави дека продал акции во вредност од 45 милиони евра.

„Многу е важно клубот да стане глобален бренд, овој чекор ќе ни помогне да останеме конкурентни на теренот и да се зацврстиме на листата на најдобрите екипи во светот“, рекол директорот на Атлетико, Михел Анхел Марин.

Далијан Ванда е најголемата кинеска приватна компанија која работи на повеќе полиња (хотелски бизнис, туризам, култура, а е сопственик и на најголемиот синџир на кино сали во САД).

Првиот човек на компанијата Џианлин Ванг од својата компанија сака да направи препознатлив бренд какви што се IBM и Google, а во моментов вредноста на компанијата е проценета на 86 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП