14 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДалас нема да ‘војува’ за потписот на Рондо

Далас нема да ‘војува’ за потписот на Рондо

rondo 2

Раководството на Далас по завршувањето на сезоната нема по секоја цена да се обиде да го задржи во своите редови Режон Рондо. Според новинарот на ESPN, Тим Мекмахон, Далас на Рондо ќе му понуди повеќегодишен договор но за паричен износ за кој тие сметаат дека е разумен.

Истиот извор наведува дека Далас нема да влезе во ‘војна’ со останатите клубови кои покажуваат интерес за плејмејкерот кој по завршувањето на сезоната ќе стане слободен агент.

Шпекулациите во Америка велат дека Рондо ќе добие богати понуди од ЛА Лејкерс и Њујорк Никс, тимови со славно минато кои сезонава се наоѓаат на дното во лигата.

Режон Рондо во јануари пристигна во Далас од екипата на Бостон, тој во новиот тим има просечен учинок од 8,9 поени, 8 асистенции и 5,7 скока по натпревар.

Далас во финишот на регуларниот дел од сезоната се наоѓа на седмото место во Западната конференција со скор 45-29, три победи повеќе имаат екипите кои се наоѓаат од четвртото до шестото место, додека третото место од Далас е оддалечено за пет победи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП