20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСерена влезе во клубот 700

Серена влезе во клубот 700

Serena Williams

Серена Вилијамс ја совлада Сабине Лисицки, избори пласман во полуфиналето на Мастерсот во Мајами и ја забележа 700-та победа во кариерата. Нејзина противничка во полуфиналето ќе биде Романката Симона Халеп.

Серена во четвртфиналето за нешто повеќе од два часа славеше над Лисицки со 2:1 (7:6, 1:6, 6:3) и со триумфот влезе во одбраното друштво на уште седум тенисерки кои во кариерата имаат забележано најмалку 700 победи.

Најмногу победи во женскиот тенис има Мартина Навратилова (1.442), а зад неа се Крис Еверт (1.309), Штефи Граф (902), Вирџинија Вејд (839), Аранча Санчез-Викарио (759), Линдзи Девенпорт (753) и Кончита Мартинез (739).

Серена Вилијамс во Мајами ја забележа 16-та победа во низа, последен пат на овој турнир таа загубила во 2012 година од Каролин Вознијацки. Исто така Американката е во серија од 19 поебеди, последен пат таа загуби од Халеп во октомври на завршниот Мастерс во Сингапур.

Токму Романката Халеп ќе и биде противничка во полуфиналето во Мајами. Халеп во четвртфиналето ја елиминираше Слоун Стивенс со 6:1, 7:5.

Серена и Халеп имаат одиграно пет дуели, Американката води со 4:1. Овие две тенисерки требаше да играат во полуфиналето во Индијан Велс, но Вилијамс поради повреда го предаде мечот уште пред тој да започне.

Во второто полуфинале во Мајами ќе играат Андреа Петковиќ и Карла Суарез-Наваро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП