26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМастерс Мајами: Мари против Бердих во полуфиналето

Мастерс Мајами: Мари против Бердих во полуфиналето

Image (22)

Енди Мари и Томаш Бердих ја формираа првата полуфинална двојка на Мастерс турнирот во Мајами.

Мари со пресврт славеше над 21-годишниот Доминик Тим од Австрија (3:6, 6:4, 6:1), додека Бердих во два сета (6:3, 6:4) го совлада Хуан Монако.

Полуфиналето во Мајми ќе биде 12-от меѓусебен дуел на Мари и Бердих, во претходните 11 Чехот има една победа повеќе. Последен пат овие двајца тенисери се сретнаа на грен слемот во Мелбурн кога Мари победи во четири сета.

Втората полуфинална двојка ќе биде формирана во четврток кога на програмата се четвртфиналните мечеви Ѓоковиќ-Ферер и Нишикори-Изнер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП