4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Харден ја доби пресметката со Казинс

НБА: Харден ја доби пресметката со Казинс

Image (21)

Ноќта помеѓу средата и четвртокот во НБА лигата донесе неколку индивидуални рекорди. Џејмс Харден постигна 51 поен, во дуелот со Сакраменто во кој блескаше и Демаркус Казинс. ‘Трипл дабл’ запишаа играчите на Оклахома и Бостон, Расел Вестбрук и Еван Тарнер.

Окалхома и Далас одиграа неверојатен меч во кој беа постигнати 266 поени, а победи Далас со 131:135. Монта Елис го предводеше победникот со 26 поени, а уште шестмина негови соиграчи имаа двоцифрен број на поени.

На другата страна Вестбрук го забележа 10-от ‘трипл дабл’ во сезоната’ (31 поен, 11 скокови и 11 асистенции), а блескава вечер имаа и неговите соиграчи Енес Кантер (30 поени, 16 скокови) и Ентони Мороу (32 поени).

Џејмс Харден во триумфот на Хјустон над Сакраменто (115:111) постигна рекордни во кариерата 51 поени. На спротивната страна брлијантно одигра Демаркус Казинс (24 поени, 21 скок, 10 асистенции, 6 блокади).

Бостон славаше над Индијана со 100:87 најмногу благодарение на Еван Тарнер кој имаше учинок од 13 поени, 12 асистенции и 11 скокови.

Резултати: Шарлот-Детроит 102:78, Вашингтон-Филаделфија 106:93, Орландо-Сан Антонио 91:103, Њујорк-Бруклин 98:100, Милвоки-Чикаго 95:91, Минесота-Торонто 99:113, ЛА Лејкерс-Њу Орлеанс 92:113, Портланд-ЛА Клиперс 122:126.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП