25 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТупурковски добитник на наградата „Пјер Де Кубертен“

Тупурковски добитник на наградата „Пјер Де Кубертен“

tupurko

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Васил Тупурковски е добитник на наградата на Меѓународниот олимписки комитет, трофејот „Пјер Де Кубертен“.

Меѓународниот олимписки комитет оваа награда им ја доделува на поранешни спортисти и заслужни спортски работници кои оставиле белег во олимпиското движење.

Првиот човек на МОК, Тупурковски, наградата ќе ја прими в четврток на свечена церемонија во хотелот „Холидеј Ин“. Наградата на Тупурковски ќе му ја врачи претседателот на Европскиот олимписки комитет Патрик Хики кој се наоѓа во работна посета на МОК.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП