Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, се наоѓа на листата на потенцијални засилувања на Арсенал, пренесува „Daily Express“. Истиот извор тврди дека Арсен Венгер бил подготвен да плати за трансферот 50 милиони фунти (69 милиони евра), а напаѓачот би имал неделна плата од 100.000 фунти.
Кејн (21) во помладите категории бил член на Арсенал, а Венгер уште во февруари по мечот со Тотенхем на кој Кејн постигна два гола, решил талентиранот играч да го врати на „Emirates“.
Хари Кејн во финишот на сезоната се наоѓа на делба на првото место на листата на најдобри стрелци во Премиерлигата, тој и Диего Коста имаат постигнато по 19 голови. Неодамна дебитираше за англиската репрезентација и на дебито успеа да постигне гол.
Иако Арсенал има пари да го реализира трансферот прашање е дали Кејн ќе се согласи да се врати во тимот каде играл во помладите категории бидејќи општо е познато нетрпението кое владее меѓу ривалите од северниот дел на Лондон.
Последен кој од Тотенхем се преселил во Арсенал беше дефанзивецот Сол Кемпбел, но тој во 2001-ва година замина како слободен играч.