17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗа 11 години Порто заработи повеќе од 700 милиони евра (фото)

За 11 години Порто заработи повеќе од 700 милиони евра (фото)

porto sampioni2

Порто достигна 715 милиони евра од продажбата на играчи во последните 11 години, откако денеска беше прогласен трансферот на бразилскиот дефанзивец Данило во Реал Мадрид.

Откако изненадувачки ја освои Лигата на Шампионите, под водство на Жозе Мурињо во 2004-та година, португалскиот клуб има продадено 28 играчи, од кои 20 биле со сума од повеќе од 15 милиони евра.

Данило е петтиот најскап играч, со кој Порто ќе се раздели во овој период. За поголема сума биле само трансферите на Хамес Родригез во Монако (45 милиони), Радамел Фалкао во Атлетико Мадрид (45 мил.), Хулк во Зенит (40 милиони) и Андерсон во Манчестер Јунајтед (32 милиони).

Само минатото лето португалскиот клуб продаде четворица играчи во вкупна вредност од 72.5 милиони евра – Елијаким Мангала и Фернандо во Манчестер Сити, Хуан Итурбе во Рома и Николас Отаменди во Валенсија.

Дел од играчите, продадени од Порто, биле заедничка сопственост со трета страна, но и покрај тоа „змејовите“ продолжуваат да се едни од најдобрите кои заработуваат во овој аспект.

pari porto 22

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП