13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДолгополов испушти сензација, Ѓоковиќ четвртфиналист во Мајами

Долгополов испушти сензација, Ѓоковиќ четвртфиналист во Мајами

Image (17)

Познати се четвртфиналните двојки на машкиот дел од Мастерс турнирот во Мајами. Најмногу труд за да се пласира меѓу осумте најдобри вложи Новак Ѓоковиќ кој беше на работ од бездната но успеа да го совлада Олександер Долгополов. Во дербито на серверите Џон Изнер во три тај брејка славеше над Милош Раониќ.

Најдобриот светски тенисер и бранител на титулата Новак Ѓоковиќ се спаси од пораз во дуелот со Украинецот Долгополов добивајќи го осминафиналниот меч со 6:7, 7:5, 6:0. Ѓоковиќ го загуби првиот сет, во вториот имаше негатива од 3:0 успеа да спаси две меч топки и потоа успеа да го најде посакуваниот ритам, освојувајќи 12 од последните 14 гемови.

Неверојатен е податокот дека српскиот тенисер од резултатот 4:5 освои 27 од наредните 32 поени. Решавачкиот трет сет Ѓоковиќ го доби за само 14 минути игра.

Ѓоковиќ имаше проблеми со сервисот, лошо се движеше и за негови стандарди беше премноги нервозен, дури му беше и одземен поен во првиот сет поради две опомени од главниот судија.

Од друга страна Долгополов со својот нестандарден стил на игра, комбинација на слајси равни удари му зададе многу проблеми на фаворитот. На крајот Долгополов беше жртва на силното темпо кое самиот го наметна.

Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе игра против Шпанецот Давид Ферер кој во два сета славеше над Францускиот тенисер Жил Симон.

Дербито го одиграа Изнер и Раониќ, а на крајот по повеќе од два ипол часа борба славеше Американецот во три тај брејка.

Изнер за противник во наредната рунда ќе го има Јапонецот Кеи Нишикори кој го елиминираше Давид Гофан од Белгија. Четвртиот носител Нишикори во досегашниот тек од турнирот има загубено само четири гема.

Чехот Томаш Бердих во четвртфиналето мина откако Гаел Монфилс му го предаде мечот.Францускиот тениесер го повреди коленото во петиот гем од вториoт сет. Бердих за пласман во полуфиналето ќе се бори со Хуан Монако кој во осминафиналето славеше над Фернандо Вердаско.

Енди Мари во Мајами ја забележа 500-та победа во кариерата, Британецот во осминафиналето го победи Кевин Андерсон во три сета. Негов противник во наредната рунда ќе биде Австриецот Доминик Тим. Австрискиот тенисер кој го игра најдобриот турнир во кариерата во три сета, во осминафиналето, славеше над Французинот Адријан Манарино.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП