10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУЕФА го зголеми наградниот фонд во ЛШ и ЕЛ

УЕФА го зголеми наградниот фонд во ЛШ и ЕЛ

znakovi

Лигата на Шампиони и Лига Европа ќе станат уште поатрактивни во однос на финансиите за инволвираните тимови, откако УЕФА најави дека го зголеми наградниот фонд на турнирите од претстојната сезона.

Тимовите во Лигата на Шампионите – од победникот до учесникот во првиот квалификациски круг, ќе си поделат вкупно 1,638 милијарди евра за секоја сезона до 2018-та година, беше најавено на годишното генерално собрание на Европската фудбалска асоцијација во Стокхолм.

Наградниот фонд на Лигата на Шампионите ќе се зголеми за повеќе од 25 проценти од 1.257 милијарди евра, а на Лига Европа од 232,5 милиони евра на 381 милиони евра.

Победникот во Лигата на Шампионите во 2016-та година ќе добие 15 милиони евра, наместо досегашните 10,5 милиони евра.

Солидарен фонд за екипи кои нема да обезбедат настап во ЛШ:

учество – 250 илјади евра

прво коло – 200 илјади евра

второ коло – 300 илјади евра

трето коло – 400 илјади евра

Награди за настап во ЛШ:

обезбедена групна фаза – 12 милиони евра

победа – 1,5 милиони евра

реми – 750 илјади евра

осминафинале – 5.5 милиони евра

четвртфинале – 6 милиони евра

полуфинале – 7 милиони евра

финале – 10,5 милиони евра

европска титула – 15 милиони евра

Солидарен фонд за екипи кои нема да обезбедат настап во ЛЕ:

прво коло – 200 илјади евра

второ коло – 210 илјади евра

трето коло – 220 илјади евра

плеј-оф – 230 илјади евра

Награди за настап во ЛЕ:

пласман во групна фаза – 2,4 милиони евра

победа – 360 илјади евра

реми – 120 илјади евра

прво место во група – 500 илјади евра

второ место во група – 250 илјади евра

шеснаестинафинале – 500 илјади евра

осминафинале – 750 илјади евра

четвртфинале – милион евра

полуфинале – 1,5 милиони евра

финале – 3,5 милиони евра

победник – 6,5 милиони евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП