30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХамилтон годишно ќе заработува 27 милиони фунти

Хамилтон годишно ќе заработува 27 милиони фунти

hami

Актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, до крајот на неделата ќе го официјализира новиот договор со Мерцедес, според кој ќе заработува 27 милиони фунти годишно.

BBC пишува дека според новиот договор Хамилтон ќе има загарантирана годишна плата од 21 милиони фунти, а преостанатите шест милиони ќе ги оствари преку бонусите (бројот на победи и освојување на титулата).

Англичаните анализираат дека Хамилтон ќе заработува повеќе од 3.000 фунти секој час или 52 фунти по минута.

Сепак и покрај новиот договор, актуелниот шампион ќе остане на третото место на возачите со најголема годишна плата, прв на таа листа е Себастијан Фетел кој во Ферари годишно заработува 33,7 милиони фунти, а втор е Фернандо Алонсо кој од Мекларен и Хонда годишно добива 28 милиони фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП