3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСолар Импулс 2 и покрај лошото време успешно слета во Кина

Солар Импулс 2 и покрај лошото време успешно слета во Кина

solar impuls 2

Швајцарскиот авион на сончев погон Солар Импулс 2, кој се наоѓа на пат околу светот, во вторник рано наутро по борбата со силните ветришта успешно слета во Кина, завршувајќи ја петтата етапа од патот околу светот.

Летот од Мианмар траеше околу 20 часа, а авионот до Чунгкинг во југозападниот дел на Кина прелета 1.375 километри. Аеродромот бил затворен за сообраќај за да се овозможи безбедно слетување на авионот кој тргна на историски пат околу светот на 8 март од Абу Даби.

Пред најтешката делница на патот околу светот пилотите Бертранд Пикард (57) и Андре Бошберг (62) во Мианмар поминаа десет дена чекајќи подобри временски услови за лет до Кина. Овој швајцарски авион лета со помош на сончева енергија произведена од 17 илјади сончеви ќелии прицврстени на крилата со распон од 72 метра. Во 12 етапи вкупно ќе прелета 35 илјади километри.

Просечната брзина на летот е меѓу 50 и 100 километри на час, просечната висина 8500 метри, а целата мисија ќе трае околу пет месеци, од кои 25 дена чисто летање, па според проценките авионот во Абу Даби би требало да се врати кон крајот на јули или почетокот на август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП