1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФ1 кокпитот низ годините

Ф1 кокпитот низ годините

kokpi3

Кокпитот на еден Формула 1 возач е негов втор дом, негово работно место, негова канцеларија.

Анализата на кокпитите во “високооктанскиот циркуз“ само го отсликува тоа што многумина го знаат дека развојот а возачкото место е барем толку напреден колку и развојот кај моторите, менувачот, аеродинамиката… Концентрацијата е клучна при тркање, а без максимална удобност – концентрацијата “бега“.

Кокпитите на тркачките возила, а посебно тие на Формула 1 болидите имаат драматичен напредок во последните декади. Нивниот развој започнува како обични дрвени управувачи и се развива до целосен компјутерски систем кој чини колку едно спортско возило.

Болидите од 50-тите години имаа управувачи од дрво и метал кои можеле да ги мрдаат само предните тркала и ништо повеќе.

Во 60-тите години првпат е направена када во која возачот “пилотира“ во полу-лежечка состојба. Таа е обложена со кожа и сунѓери и за тоа време делува како вистинско ремек дело на технологијата. Но, недостасува една главна безбедносна опрема – безбедносниот појас.

За време на 70-тите управувачите веќе почнуваат да стануваат помали, а материјалот од кој се изработуваат е превртена кожа која овозможува “подобар фат“ и за првпат се појавуваат копчињата. Всушност, се работи само за едно копче кое има улога на активатор на радио со кое се отвара двострана комуникација помеѓу пилотот и тимот во гаражата.

kokpit33

Декада подоцна, за првпат ги видовме седиштата кои се вадат, а подоцна и лиените седишта кои овозможуваа поголема удобност на возачите. Прв пат во турбо-ерата се додава и копче Boost кое додава додатен притисок во турбината за да додаде сила при претекнување.

Во почетокот на 90-тите на управувачите почнаа да се додаваат копчиња за спојката и за менување брзини кои “бараат“ возачот за целото време да ги држи двете раце на управувачот.

На задниот дел од управувачот има рачка за негово брзо отстранување и напуштње на кокитот во случај на незгода.

Во 2000-та година на сцена стануваат управувачи од екстра лесниот и супер силен материјал наречен карбонфибер – кој го завзема своето место во производството на управувачи за Формула 1. Неговото воведување донесува придобивки како централен дисплеј на кој се прикажани доста информации и нови додатни копчиња за најразлични подесувања како мешавина на гориво, баланс на сопирачки и најразлични ограничувања на силата на моторот.

Возачот може да дури да го контролира и диференцијалот во зависност од побарувањата на патеката.

Сите овие можности му се достапни за целото време на возењето дури и при неверојатни брзини од 320км/ч со само едно помрднување на прстите. Импресивно?

Извор: круг.мк

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП