6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГорбок и Чипурин на поштеда до петок

Горбок и Чипурин на поштеда до петок

chipurin gorbok

Ракометарите на Вардар, Сергеј Горбок и Михаил Чипурин, до петок ќе бидат поштедени од тренинзи, а потоа врз нив повторно ќе бидат извршени лекарски прегледи по кои ќе се знае дали тие ќе бидат подгoтвени за првиот четвртфинален меч со Киелце.

Како што објави клубот на својата интернет страница Горбок се повредил на полуфиналниот дуел од Ф4 завршниот турнир на СЕХА лигата во Веспрем, и поради тоа не настапил ниту на натпреварот за трето место. По враќањето во Скопје и извршените прегледи било констатирано дека тој има истегнување на мускул на задната ложа на ногата.

Проблем со ахиловата тетива има и Чипурин, поради што и тој нема да биде со екипата најмалку до петок. Потоа ќе се знае дали ќе биде потребна дополнителна терапија.

Вардар ќе го пречека полски Киелце во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите на 11-ти април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП